Дербито на вечерта ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен, каде што актуелниот европски првак Баерн го пречекува тимот на Атлетико Мадрид.
Лукас Ернандес од првата минута ќе игра против Јорганџиите, од каде што го оствари трансферот во редовите на германскиот првак. Флик не може да смета на брзоногите Гнабри и Сане, па затоа шанса во стартните 11 добива Коман, човекот кој го даде победоносниот гол против ПСЖ во борбата за титулата. Со него и Милер, Левандовски ќе ја има поддршката во нападот за изедначување на рекордот на Кристијано Роналдо, да постигне погодок во 10 последователни меча во ЛШ.
Диего Симеоне пак се одлучи да тргне со Феликс и Суарес како најистурени во формацијата на Атлетико. Средината е речиси стандардна во отсуство на Саул, на негово место е Љоренте, додека Хименес исто така не може да ѝ помогне на одбраната, па стопери пред Облак се Фелипе и Савиќ.
Баерн Минхен – Атлетико Мадрид
Баерн(4-2-3-1): Нојер, Павар, Шуле, Алаба, Ернандес, Кимих, Горецка, Толисо, Коман, Милер, Левандовски.
Атлетико(4-4-2): Облак, Трипие, Савиќ, Фелипе, Лоди, Коке, Ерера, Љоренте, Караско, Фелис, Суарес.