Почетни состави: ПСЖ без Нејмар и со изненадување на голот против Реал!

Нејмар го нема во почетниот состав на Пари Сен Жермен за осминафиналниот дуел со Реал Мадрид од фудбалската Лига на шампиони, Бразилецот не е подготвен за 90 минути на ваков важен меч и шанса ќе чека од клупата за резерви.

Најголемо изненадување е што на голот на ПСЖ е Џанлуиџи Донарума, за кого се најавуваше дека ќе биде резервист, а не Кејлор Навас. Костариканецот со Реал освои три титули во Лигата на шампионите и Кралевите добро ги познаваат неговите слаби страни, па можеби затоа тој е изоставен.

Од поранешните реаловци, во стартниот состав на Светците се Хакими и Ди Марија.

Кај гостите од Мадрид нема изненадувања во почетниот состав, Кралскиот клуб стартува со 11-темина на кои најмногу им верува Карло Анчелоти. Откако Французите Бензема и Менди закрепнаа од повредите, немаше дилеми како ќе изгледа стартниот тим на Реал во формација 4-3-3.

- Оглас -

Најнови вести