Во пресрет на реваншот меѓу Шкупи и Динамо Загреб кој ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, двајцата тренери на македонскиот и хрватскиот првак се одлучија за следните почетни состави.
Гоце Седлоски реши да не го менува тимот кој забележа поволен резултат на „Максимир“, па затоа на теренот ќе ги пушти истите 11-мина играчи како што беше во ремито од 2-2 во првиот меч.
Предводникот на Модрите, Анте Чачиќ, одлучи да го вметне Стефан Ристовски во стартните 11-мина, кој во претходниот меч влезе како замена од клупата. Секако, капитенот Адеми го предводи гигантот од Загреб.