21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Почеток каков може само да се посака: Првата лига започнува со вечното македонско дерби

Македонските прволигаши го дознаа возниот ред за новата сезона, а почетокот ќе биде како што само може да се посака – со вечното македонско дерби помеѓу Вардар и Пелистер.

Првенството започнува на осми август, а ќе се игра и на деветти и на десетти, па ФФМ дополнително ќе го одреди терминот за мечот на вечните македонски ривали, Вардар и Пелистер, кој ќе се игра на Националната арена во Скопје.

Шампионот, Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи, додека вицешампионот Силекс ќе ја пречека струмичка Брера.

Во Куманово ќе играат новите прволигаши, Башкими и Арсими, Тиквеш во Кавадарци го пречекува Работнички, додека последната двојка ја сочинуваат Струга и Македонија Ѓорче Петров.

- Оглас -

Најнови вести