Почеток на јуни е таман за историја – Македонија и Косово ќе играат со публика во Скопје

Македонија и Косово ќе играат на почетокот на јуни во Скопје со присуство на публика во полуфиналето на бараж-дуелите за пласман на ЕП 2021.

Ова првично попладнево го најавија косовските медиуми, а го потврди и Фудбалската федерација на Македонија. Во јуни требаше да се игра Европското првенство, кое со одлука на УЕФА е одложено за една година подоцна и би требало да се игра во 2021 година од 11 јуни со 11 јули.

Првично баражот меѓу Македонија и Косово беше закажан за 26 март, но поради епидемијата со Коронавирусот и прекинот на фудбалските активности во Европа, датумот е сега преместен за почетокот на шестиот месец годинава.

 

- Оглас -

Најнови вести