6.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Почеток на нова ера, Зинедин Зидан има нова работа!

Тоа што долго време се очекуваше најавуваше, очигледно дека конечно се случи. Зинедин Зидан ќе биде следниот селектор на француската фудбалска репрезентација, а на функција ќе седне веднаш по завршување на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Според последните информации, Зидан и челниците на Француската фудбалска федерација веќе постигнале усмен договор за соработка.

Зидан како фудбалер имаше 108 настапи за француската репрезентација и ги предводеше Галските петли до светската титула во 1998 година. Подоцна Франција уште еднаш стана светски првак во 2018 година.

Како тренер, Зидан кариерата ја започна во 2014 година во младинската школа на Реал Мадрид, а во 2016 година застана на чело на Кралскиот клуб. Првиот негов мандат како предводник на Реал беше до 2018 година. Потоа се врати во 2019 и остана до 2021 година и од тогаш веќе никаде не работи во фудбалските води. Сега, по пауза од пет години, Зидан ќе се врати и тоа како селектор на Франција.

- Оглас -

Најнови вести