Почина 22-годишен еквадорски фудбалер, имаше три настапи за репрезентацијата

Почина 22-годишниот еквадорски фудбалер кој настапуваше за клубот ЛДУ од Кито, Марко Ангуло.

Овој играч од средниот ред беше во критична состојба во болница повеќе од еден месец откако настрада во сообраќајна несреќа на 7 октомври, на југоисточниот дел на Кито. Автомобилот со којшто патувале Ангуло и уште четири лица, со полна брзина удрил во метална конструкција тешка 50 тони. Во несреќата на лице место загинаа две лица, а Ангуло е трета жртва.

Ангуло се здобил со многу повреди, па и покрај напорите на лекарите, тој почина. Ангуло имаше и три настапи за А репрезентацијата на Еквадор. Пред да потпише за ЛДУ Кито, минатата сезона играше за Синсинати во МЛС-лигата.

- Оглас -

Најнови вести