Почина 35-годишен марокански фудбалер кој има играно за Хетафе, Марсеј и Ал-Наср

На 35-годишна возраст почина некогашниот марокански репрезентативец Абделазис Барада. Поранешниот играч на Хетафе, Марсеј, Ал-Наср и други клубови, почина во Париз од срцев удар.

За А репрезентацијата на Мароко настапи 28 пати и постигна четири гола. Играше и за олимписката селекција на Олимписките игри во 2012 година во Лондон.

Марсеј за Барада во летото 2014 година плати 4,5 милиони евра за да го донесе од Ал-Џазира, а во францускиот тим остана две сезони.

- Оглас -

Најнови вести