Почина Анте Дуковски

Доцна синоќа македонската кошарка остана посиромашна за уште едно име кое го одбележа спортот со портокаловата топка во нашата земја. На 66-годишна возраст во Скопје почина Анте Дуковски.

Синоним за кошарка, особено во Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде што помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера. Беше играч на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, заигра и во Работнички…

Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Како прв тренер на „металците“ им ја донесе првата шампионска титула во самостојна Македонија. Работеше и со големите тренерски имиња, како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ…Потоа долги години соработуваше и со Александар Петровиќ.

„Колегче“ беше дел и од нашите репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска Академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.

Слава му!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести