Почина човекот кој ја предводеше Аргентина до првата светска титула на Мундијалот во 1978 година

Легендарниот Цезар Луис Меноти почина на 85-годишна возраст и тоа како последица на тежок облик на анемија. Меноти е еден од најпознатите имиња кои работеле во фудбалот во Аргентина.

Популарниот Ел Флако ја започна играчката кариера во Росарио Централ во 1960 година, а точно една деценија подоцна стави крај на активното играње и тоа како играч на Атлетико Хувентус. Играше и за Расинг клуб, Бока јуниорс, Њујорк генерал и Сантос.

Играше како напаѓач, а иако беше одличен на теренот, сепак Меноти повеќе се памти по неговата тренерска работа. Беше на чело на дури 12 клубови од кои најпознати секако се Барселона, Бока јуниорс, Атлетико Мадрид, Ривер плата, Сампдорија и Индепендиенте.

Најголемиот успех го оствари како селектор на Аргентина кога во 1978 година ги предводеше Гаучосите до првата титула светски првак на Мундијалот во Мексико. Во периодот од 2019 до 2023 година ја извршуваше функцијата на директор на сите репрезентации на Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести