Почина човекот кој од Парма направи моќен тим во 90-тите

Фудбалска Италија тагува после веста дека на 83-годишна возраст починал Калисто Танци, човекот кој беше најзаслужен за успесите на Парма во 90-тите години од минатиот век.

Танци беше основач и директор на млекарската компанија „Пармалат“, а оваа компанија беше главен спонзор за Парма и благодарение на тоа и добрата стратегија, клубот стана еден од најбогатите во Европа во тоа време.

„Пармалат“ ја купи Парма во 1991 година, а две години подоцна, тимот го освои Купот на победниците на куповите. Во 1995 и 1999, Парма го освојуваше Купот на ЈУЕФА (денешна Лига Европа). До титула во Серија А најблиску беа во 1996/97, кога Јувентус им побегна за само два бода.

Во времето на Танци, за Парма играа ѕвезди како Буфон, Креспо, Канаваро, Верон, Асприлја, Милошевиќ, Турам, Киеза, итн.

Во 2003 година, Танци беше осуден на 18 години затвор, поради улогата која имаше во банкротот на „Пармалат“. И клубот Парма е далеку од тоа што беше некогаш, и сега е во втората италијанска лига.

- Оглас -

Најнови вести