Почина еден од најдобрите фудбалери на Дурбан, имаше само 22 години

Фудбалска трагедија се случи во Јужна Африка, кога 22-годишниот фудбалер Синамандла Зонди почина откако му се слоши пред почеток на мечот од втората лига. Зонди важеше за еден од подобрите играчи на тимот на Дурбан сити, а додека сите се подготвуваа за мечот против Милфорд, фудбалерот ненадејно колабирал.

Лекарите брзо интервенираа, а мечот започна. Сепак, на полувреме беше објавено дека Зонди починал и натпреварот веднаш беше прекинат. Официјално уште не се знае причината за смртта на младиот фудбалер.

Дурбан сити е на првото место во втората лига во Јужна Африка и е главен фаворит за влез во елитното натпреварување за следната сезона. Во тековната сезона, несреќниот Зонди, кој играше како дефанзивец, одигра 24 меча, а постигна и два погодока.

 

- Оглас -

Најнови вести