Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Ернесто Кастано, почина денеска на 83-годишна возраст.
Кастано 12 сезони го носеше дресот на Старата дама, од 1958 до 1970 година, одигра 340 натпревари притоа освои три титули во Серија А и три пати го крена трофејот за победникот во италијанскиот Куп.
Тој беше дел од репрезентацијата на Италија која во 1968 година стана Европски шампион.
„Јувентус тагува поради смртта на Ернесто Кастано. Тој беше бестрашен, импресивен, трпелив дефанзивец кој можеше да игра и како бек и како стопер. Зрачеше со самодоверба. Тој беше вистински пример за капипен“, објави Јувентус.