Почина еден од најголемите легенди на Јувентус

Јувентус остана без една од најголемите фудбалски легенди во нивната историја. Ноќеска почина Џампјетро Бониперти, човек кој е меѓу најголемите легенди на клубот. Бониперти умре од срцев удар, а имаше 93 години.

Џампјетро е човекот кој речиси целиот свој живот го посвети на Јувентус. Кај Старата дама пристигна со само 17 години, а потоа помина во клубот речиси 50 години, како играч и како претседател. Од фудбалерските денови, помина 15 години во дресот на гигантот од Торино и одигра вкупно 443 меча во кои даде 178 погодоци. Освои пет титули во Серија А и два Купа на Италија. Имаше и 38 настапи за репрезентацијата на Италија.

Претседател на клубот беше во периодот од 1971 до 1990 година, а потоа до 1994 година беше главен во спортскиот сектор. Во негово претседателско време, за 19 години, Јувентус освои девет титули во Серија А, се израдува на трофејот во Купот на европски шампиони, беше светски клупски првак, а освои и Куп на УЕФА и Куп на Куп победници.

- Оглас -

Најнови вести