Почина единствениот кошаркар кој во дебитантската сезона беше МВП во НБА-лигата

Прославениот НБА-кошаркар Вес Анселд почина на 74-годишна возраст, потврдија од неговото семејство, а пренесе еден од најпознатите американски новинари во САД, Адријан Војнаровски. Анселд, кој беше познат и по прекарот Планина, починал дома. Тој беше член на кошаркарската Куќа на славните.

Анселд беше избран како втор пик на драфтот во 1968 година од екипата на Балтимор булетс и во тој клуб ја помина целата кариера, дури и кога франшизата се пресели од Балтимор во Вашингтон. Уште во првата сезона, Вес одигра за историјата на НБА-лигата.

Во дебитантската сезона беше прогласен не само на најдобар дебитант, туку и за МВП на сезоната. Ниту еден друг кошаркар во долгата историја на НБА-лигата не успеал во дебитантската сезона да биде и Руки на сезоната, но и најкорисен кошаркар во цела лига.

Со Булетс ја освои титулата во 1978 година и тогаш беше МВП на финалната серија. По завршување на играчката кариера, дресот со бројот 41, кој го носеше Планината, беше повлечен и ниту еден друг кошаркар во историјата на овој клуб го нема носено.

- Оглас -

Најнови вести