Почина единствениот шкотски кошаркар кој играл во НБА

Некогашниот шкотски кошаркар Роберт Арчибалд е пронајден мртов, а засега причините за смртта уште се непознати. Арчибалд имаше 39-години, а ќе биде запамтен како засега единствениот кошаркар од Шкотска кој заиграл во НБА лигата. Во 2002 година беше избран како 32 пик на драфтот од Мемфис гризлис, а играше и за екипите на Феникс, Орландо и Торонто.

Во 2004 година се врати во Европа, каде една сезона го носеше дресот на Скаволини, а потоа замина во Шпанија. Играше за Хувентуд, Уникаха и Сарагоса, а со Хувентуд го освои ФИБА Еврокупот. Кариерата ја заврши во 2012 година, по настапот на Олимписките игри во Лондон, каде ги бранеше боите на Велика Британија.

 

- Оглас -

Најнови вести