12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Почина Фабијан О’Нил, поранешниот играч на Старата дама кој сите пари ги потрошил на „спори коњи и брзи жени“

Поранешниот уругвајски репрезентативец и играч на Јувентус, Насионал, Калјари и Перуџа, Фабијан О’Нил денеска почина на 50-годишна возраст во Монтевидео.

О’Нил во саботата бил префрлен во болница во Монтевидео, Уругвај, во критична состојба, имал внатрешно крвавење предивикано од долгогодишната болест на црниот дроб со која се бореше поради алкохолот, а најважната битка ја загуби само 24 часа подоцна.

Откако бил префрлен во болница, состојбата му се влошила, паднал и во кома пред да почине.

Уругваецот и во 2016 и во 2020 година исто така бил донесен во болница поради проблеми со црниот дроб, но тогаш успеа да ја победи болеста.

Фабијан О’Нил кариерата ја започна во уругвајскиот Насионал, а во 1996 година се сели во Серија А потпишувајќи за Калјари. За тимот од Сардинија играше четири години, по што се пресели во Јувентус. По Старата дама остана една сезона, и се пресели во Перуџа, а потоа играше и во Калјари, а кариерата ја заврши во тимот во кој и ја започна, Насионал.

О’Нил по завршување на кариерата му се оддаде на алкохолот, а неколку години подоцна призна дека сите пари што ги заработил од фудбалот, околу 14 милиони долари ги потрошил на „спори коњи и на брзи жени“.

- Оглас -

Најнови вести