Почина фудбалерот кој остана без олимпиското злато поради Меси, Агуеро и Ди Марија

Некогашниот нигериски репрезентативец Исак Промис почина рано утрово. Промос би пронајден мртов во својот стан во Тексас. Бил во приватната теретана кога му се слошило, паднал и починал. Полицијата веднаш ги отфрли сите шпекулации и потврди околу тоа дека може да биде насилна смрт.

Промис имаше 31 година, а настапуваше за тимот на Остин Болд. Пред да замине во САД, дури 11 години помина играјќи во Турција, каде што смени седум клубови. Некогашниот напаѓач даде 79 погодоци за време на кариерата во Турција.

Исак беше познат по тоа што беше капитен на олимписката репрезентација на Нигерија, која на Олимписките игри во Кина во 2008 година играше во финалето против Аргентина, но загуби со 1:0. За Гаучосите на тој меч играа Лионел Меси, Серхио Агуеро, Пабло Забалета, Езекиел Гарај, Хуан Роман Рикелме, Фернардо Гаго,  а единствениот гол за победа и златниот медал за Аргентина го постигна Анхел ди Марија.

- Оглас -

Најнови вести