Почина голманот на Нигерија кој беше омилен помеѓу колекционерите на Панини сликичките

Фудбалскиот сојуз на Нигерија му одадде почит на поранешниот голман на репрезентацијата, Петер Руфаи, кој почина на 61-годишна возраст после долго боледување. Руфаи беше лидер на селекцијата на Нигерија, која настапи на Светските првенство во 1994 и 1998 година, кога стигнаа до осминафиналето, а беше омилен и помеѓу колекционерите на Панини сликичките.

Руфаи во својата кариера беше голман на Локерен, Беверен, Го ахед иглс, Фаренсе, Херкулес, Депортиво ла Коруња и Жил Висенте, додека голот на Нигерија го чуваше на 65 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести