Андреј Ѓорѓиески еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Популарниот пејач имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот, но на крајот и тој го загубил животот.
ДНК беше еден од најпознатите бендови. Ја испеаја и една од фудбалските навивачки химни, по пласманот на Македонија на Европското првенство во 2021 година.
Ужасниот пожар не го преживеа и тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица, а сѐ уште се трага по вонр.проф.м-р од Факултетот за музички уметности, Сара Пројковска, која е пратечки вокал во ДНК.