Почина и убиецот кој ја поли со бензин и ја запали атлетичарката од Уганда

Властите во Кенија информираа дека починал и убиецот на атлетичарката од Уганда, Диксон Ндиема Марангач. Според информациите, тој починал како последица од изгорениците со кои се здобил при нападот на олимпијката од Уганда, а кои зафатиле 30% од неговото тело.

Марангач на први септември оваа година со бензин ја поли, а потоа и ја запали неговата партнерка Ребека Чептегеи, која се здоби со изгореници на 75% од телото, а четири дена подоцна почина во болница во Кенија.

Причината за нападот бил спор околу земјшите кое атлетичарката го купила. Чептегеи ќе биде погребана во сабота, со највисоки државни и воени почести во родното место во Уганда, со оглед на тоа дека таа учествуваше на Олимписките игри во Париз, а беше и припадник на безбедносните служби во својата татковина.

- Оглас -

Најнови вести