28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Почина кошаркарот што ја постигна првата тројка во историјата на НБА лигата

Членот на шампионската генерација на Бостон селтикс од 1981 година, Крис Форд, почина на 74-годишна возраст.

Веста за смртта на Форд ја потврди неговото семејство кое не соопшти повеќе детали. Медиумите неодамна објавија дека Форд доживеал срцев удар, и сега се сомневаат дека тоа е причината за смртта.

„Крис беше сакан и обожуван од семејството, пријателите, соиграчите. Тој го сакаше семејството, градот Бостон, навивачите и целото семејство на Селтикс. Ги почитуваше сите кои беа доволно среќни да бидат дел од неговиот живот“, стои во соопштението на неговото семејство.

Крис Форд е роден на 11 јануари 1949 година, а во својата кариера настапуваше за Детроит пистонс (1972-1978) и за Бостон до крајот на својата кариера (1978-1982). Потоа се префрли во тренерските води и ги водеше екипите на Бостон, Милвоки бакс, ЛА Клиперс и Филаделфија сиксерс.

Форд ќе остане запомнет како играчот што ја постигна првата тројка во историјата на НБА лигата, тоа се случи на 12 октомври 1979 година на натпреварот на Бостон против Хјустон.

 

- Оглас -

Најнови вести