Кошарката остана без една од најголемите екс-југословенски и европски легенди, на 73-годишна возраст полчина Дражен Далипагиќ.
Популарниот Праја е прв стрелец во историјата на белградски Партизан со 8.278 поени. Покрај за Партизан, Далипагиќ настапуваше и за Реал Мадрид, Удине, Венеција, Верона и Црвена звезда каде 20-годишната кариера ја заврши во 1991 година.
Со селекцијата на Југославија освои по еден златен, сребрен и бронзен медал на Олимписки игри, а од сите медали има и на светските и европските првенства.
Како тренер, во дел од сезоната 1998/1999 го водеше МЗТ Скопје.