Почина кралицата на американската кошарка, и единствена жена која била драфтувана во НБА

Американската кошарка остана без една од своите женски икони, Лусија Херис, која почина на 66-годишна возраст.

Херис е првата и засега единствена жена која била драфтувана во НБА лигата. Тоа се случи во 1977 година, Херис беше избрана од Њу Орлеанс џез, но таа никогаш не заигра за Џезерите, затоа што во тоа време беше трудна, па мајчинските обврски ја спречија да заигра рамо до рамо со мажи во најсилната лига на светот.

Херис ќе остане засекогаш запишана во американската кошаркарска историја и како стрелец на првиот поен за женската репрезентација на САД на Олимписки игри (тоа се случи во Монтреал 1976 година, кога Американките освоија сребрен медал). Херис е првата Афро-американка која влегла во Куќата на славните.

- Оглас -

Најнови вести