Почина Кристоф Даум, еден од најконтроверзните фудбалски тренери

Поранешниот германски фудбалски тренер Кристоф Даум почина на 70 години по долга битка со рак, соопштија светските агенции, цитирајќи го неговото семејство. Блиските на Даум изјавија дека тој починал во саботата „опкружен со своето семејство“.

По дијагностицирањето со рак во 2022 година, Даум првично се повлече од јавниот живот, но подоцна повторно се врати во центарот на вниманието.

„Ракот го избра погрешното тело“, велеше тој во интервјуа, користејќи го својот непопустлив дух за да ги инспирира другите.

Даум ја освои титулата во Бундеслигата со Штутгарт и беше тренер на девет различни клубови во текот на 30 години, освојувајќи десет трофеи. Се очекуваше да го преземе националниот тим на Германија, но неговата кариера беше потресена во 2000 година по признанието дека користел кокаин, што доведе до неговото отпуштање од Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести