Почина легенда која има осум НБА титули (Видео)

Кошаркарската легенда, Џон Хавличек, кој со Бостон селтикс освои осум шампионски прстени во НБА лигата, почина на 79-годишна возраст. Тој боледуваше од Паркинсонова болест.

Хавличек целата 16-годишна кариера како играч во НБА ја мина во дресот на Селтикс, 13 пати беше ол-стар, 11 пати беше во идеалната петорка, во 1997 беше прогласен за еден од 50-те најдобри во историјата на НБА, а во 1984 година стана член на Куќата на славните. Играше на позициите бек шутер и ниско крило, беше и одличен дефанзивец. Играчката кариера ја заврши во 1979 година.

Тој уште е прв стрелец (26.395 поени) и играч со најмногу одиграни мечеви, а втор асистент во историјата на клубот кој е рекордер во НБА по бројот на титули. Најпознат момент во кариерата му беше кога во мајсторката од источното финале против Филаделфија на Вилт Чемберлен во 1965 година, ја украде топката, и тимот го однесе понатаму, за Бостон таа сезона да ја освои титулата.

- Оглас -

Најнови вести