Почина легенда на Астон Вила: Беше со нас кога станавме европски прваци

Астон Вила загуби значаен член на своето семејство, а од корона-вирусот животот го загуби Рон Смит, таткото на актуелниот менаџер на клубот, Дин Смит.

Рон е еден од најверните навивачи на легендарниот клуб од Бирмингам и присуствуваше на најмагичниот момент во клупската историја на Вила, на финалето во Купот на европските шампиони во Ротердам пред 38 години, кога англискиот клуб го освои и пехарот и се круниса во нов европски првак. На „Де Кајп“ во Ротердам на 26 мај во 1982 година Астон Вила го победи Баерн со 1:0 и ја освои единствената шампионска титула на Стариот Континент.

„Целиот живот беше верен навивач на нашиот клуб. Беше вработен и како обезбедување, а воопшто и не пропушташе ниту еден меч на Астон Вила. Беше со нас и во историските моменти за клубот, во Ротердам кога го освоивме пехарот во Купот на европските шампиони. Жалиме за загубата“, објавија од Астон вила.

Во последните неколку години таткото на актуелниот менаџер на Астон Вила болдеуваше од деменција, а последните моменти од животот ги мина во дом за старци во Бирмингам.

- Оглас -

Најнови вести