Почина легендарната спортска новинарка, Милка Бабовиќ

Милка Бабовиќ, легендата на хрватското спортско новинарство и некогашна атлетичарка, почина на 93-годишна возраст по компликации предизвикани од корона-вирусот. Бабовиќ во октомври годинава се заразила со опасниот вирус и била хоспитализирана, но животната битка на крајот не можеше да ја победи.

Бабовиќ била родена во Скопје во октомври 1928 година, но израснала во Сараево, а во средношколските денови живеела во Рума и Белград. Бабовиќ беше двократен студентски светски и балкански првак на 80 метри со пречки, додека титулата државен шампион ја освојуваше рекордни 17 пати.

Во 1957 година започна долга и успешна кариера во спортското новинарство, Бабовиќ остана запаметена како жената која ја внесе бојата на спортските натпревари во времето кога превладуваа црно-белите телевизори, бидеќи на сите пренос ги опишуваше костимите или дресовите на натпреварувачите.

Бабовиќ почина во Загреб, каде што живееше од 1948 година.

- Оглас -

Најнови вести