На 73-годишна возраст почина францускиот фудбалски стручњак Жерар Улие. Тој е најпознат како човек кој со Ливерпул од 1998 до 2004 година освои неколку трофеи, од кои најзначаен е тој од Купот на УЕФА, а во 2001 година беше прогласен за најдобар тренер во изборот на УЕФА.
Улие со Ливерпул ги освојуваше и европскиот Суперкуп, ФА купот, Лига купот, а по заминувањето од Ливерпул во 2004 година, Улие ги водеше уште Лион и Астон вила, пред да се пензионира во 2011 година. Не е објавена причината за смртта. Тој одамна имаше здравствени проблеми.