Почина легендарниот Кирил Дојчиновски

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски, почина на 78-годишна возраст.

Фудбалската кариера на Дојчиновски започнува во Вардар, каде што тренира од 1958 година, а во 1963 година добива шанса да заигра во првиот тим. За Вардар има над 100 настапи, а во 1967 година заминува во Црвена ѕвезда.

Дефанзивецот станува легенда и во „црвено-белиот“ дрес кој го носеше до 1974 година и имаше над 200 настапи. Потоа кратко играше во Троа и Париз. Дојчиновски беше и репрезентативец на тогашна Југолсавија и шестпати го носеше националниот дрес.

По завршување на фудбалската кариера, Дојчиновски беше селектор на Ел Салвадор, а потоа работеше и како тренер во Вардар, Ираклис, Македонија ЃП, Пелистер…, а во 2008 година ја заврши и тренерската кариера, и тоа во Вардар, клубот од каде што започна неговата фудбалска приказна.

 

- Оглас -

Најнови вести