Почина легендарниот менаџер кој ги однесе Бобан и Савичевиќ во Милан

Познатиот хрватски фудбалски менаџер, Предраг Налетилиќ, почина на 88-годишна возраст. Тој беше еден од највлијателните фудбалски агенти на светот во минатото, и многу придонесе за создавањето на моќниот Милан кој во 1994 година ја освои Лигата на шампионите, со победа од 4-0 во финалето против Барселона.

Налетилиќ во 1991 година во Милан ги однесе Дејан Савичевиќ од Црвена ѕвезда и Звонимир Бобан од Динамо Загреб, а пет години подоцна го пресели Кристоф Дугари од Бордо во Милан. Беше многу близок со раководството на Росонерите, што тие во Милано му дадоа и канцеларија во нивните клупски простории.

И неговиот син Марко работи како агент на италијанскиот пазар. Тој им е менаџер на Марко Пјаца, Марио Пашалиќ, Даниел Субашиќ и други хрватски фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести