Почина легендарниот шахист Борис Спаски

Шах остана без една од најлегендарните личности, на 88-годишна возраст почина некогашниот светски првак Борис Спаски.

Во 1969 година, Борис Спаски стана 10-ти светски шампион во историјата, победувајќи го тогашниот велемајстор и сонародник од поранешниот СССР, Тигран Петросјан.

Три години беше првак, во 1972 Спаски ја загуби титулата од Американецот Боби Фишер. Тој дуел беше повеќе од шаховски меч, поради студената војна и политичкото и секакво ривалство на СССР и САД во тоа време. За мечот беа снимани и филмови, а кога ја загуби шестата партија, Спаски џентлемнски стана и му аплаудираше на противникот.

Во 1976 година, Спаски имигрираше во Франција, во 1978 стана француски државјанин, а во 2013 ја напушти Франција и се врати во Русија каде остана до својата смрт. Во 1992 година во Црна Гора и Србија, Фишер и Спаски одиграа реванш ревијален меч, а тогаш Спаски настапи под француско знаме.

- Оглас -

Најнови вести