30.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Почина легендарниот тренер на Тајсон, на Холифилд и на браќата Кличко

Легендарниот боксерски тренер Томи Брукс почина на 71-годишна возраст.

Брукс беше важна фигура во светскиот бокс, а почина по долга борба со ракот. Американскиот стручњак остави длабок белег во светот на професионалниот бокс во текот на децениите, работејќи со некои од најголемите имиња во спортот. Работеше со ѕвезди како Виталиј и Владимир Кличко, Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон.

Прво го тренираше „Челичниот Мајк“, Тајсон до 2002 година, а подоцна му помогна на Холифилд двапати да го победи Тајсон.

Томи Брукс и самиот беше добар боксер. Во 1975 година тој стана аматерски шампион на Соединетите Американски Држави во средната категорија, победувајќи го Мајкл Спинкс, подоцнежниот олимписки шампион и професионален шампион.

- Оглас -

Најнови вести