Почина легендата која ја одведе Италија до третата светска титула

Човекот кој ја предводеше Италија до третата светска титула во 1982 година на Мундијалот во Шпанија, Паоло Роси, почина вчера на 64 години.

Роси беше во главна улога на Аѕурите во походот кон светската титула. Со хет-трик го елиминира Бразил, два гола даде во победата над Полска во полуфиналето, а заби и против Западна Германија во финалето кое Италија го доби со 3-1. Неговите блескави игри во репрезентативниот дрес му ја обезбедија Златната копачка на Мундијалот, а потоа и Златната топка на „Франс фудбал“.

Роси кариерата ја заврши во 1987 година, а на клупски план настапуваше за Јувентус, Милан, Комо, Винченца, Перуџа и Верона. Зад себе остави две титули во Серија А, Лига на шампиони со Јувентус и по еден трофеј во Суперкупот на УЕФА и Купот на победници на куповите.

- Оглас -

Најнови вести