Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на Реал Мадрид, Пако Генто, почина утрово на 88 години, соопштија од Кралскиот клуб.
Генто цели 50 години беше суверен рекордер по бројот на освоени трофеи со Кралевите, вкупно 23, а од пред два дена рамо до рамо со него застана Бразилецот Марсело, кој стигна до 23-иот трофеј по освојувањето на Супер купот на Шпанија.
Легендарниот Генто сепак останува рекордер со шест титулу европски првак, нешто што не му успеало на ниту еден друг играч во светот.
Тој освои и 12 шампионски титули во Примера, како и два трофеи во Купот. За Реал Мадрид одигра 600 натпревари во кои постигна 182 голови.