22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Почина легендата на Реал Мадрид

Почесниот претседател на Реал Мадрид, Амансио Амаро, почина на 83 години. Амансио беше фудбалер на Кралскиот клуб цели 14 години и во периодот од 1962 до 1976 година се радуваше на 13 трофеи.

Тој беше дел од екипата која стигна до шестата европска титула во 1966 година (го даде голот за 1-1 против Партизан и го најави пресвртот), а во негово време Реал Мадрид доминираше во домашното првенство и освои дури девет титули во Примера дивисион. Има освоено и три Купа на Шпанија. Неговиот прекар беше El Brujo, односно Магионичарот.

Во 1964 година Амансио го освои третото место во гласањето за Златна топка. Тој беше дел и од шпанската репрезентација, за која одигра 42 меча и постигна 11 погодоци. Беше дел од селекцијата која го освои Европското првенство. Во 1976 година, кога му заврши договорот со Реал Мадрид, стави и крај на кариерата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести