Тага во Франција – Почина човекот што го доведе Сент Етјен на прагот на европската круна

Роберт Хербан, еден од најтрофејните француски фудбалери и тренери според бројот на шампионски титули во домашното првенство, почина на 82-годишна возраст откако не успеа да ја добие битката со корона-вирусот.

Хербан е легенда на Сент Етјен, клуб со кој освои 9 шампиоски круни од вкупно 10 што ги има клубот, кој е корекордер во историјата на француската лига.

Беше примен во болница со воспаление на белите дробови, но и со срцеви проблеми, па не ја доби најважната животната битка.

Роберт се радуваше на пет пехари со Сент Етјен како играч и уште четири како тренер на својот омилен клуб.

Под негова команда „зелените“ стигнаа и до финалето на Купот на европските шампиони во 1976 година, но Баерн беше подобар и победи со 1:0 на „Хемпден Парк“ во Глазгов. Тоа е единственото европско финале во клупската историја на Сент Етјен.

Хербан има и 23 настапи за француската репрезентација и беше во составот на Триколорите на Мундијалот во 1966 во Англија.

- Оглас -

Најнови вести