15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Почина легендата што ја одбоксува највозбудливата прва рунда во историјата на боксот (Видео)

Светската боксерска легенда Марвин Хаглер почина на 66. годишна возраст, објави неговата сопруга Кеј Хаглер. Марвин е поранешен светски првак во средна категорија и еден од највпечатливите и најдобри боксери на сите времиња.

Забележа 62 победи на 67 меча, а 52 од нив беа со нокаут. Особено легендарна е битката со Томас Хернс во 1985 година, што медиумите ја нарекоа “Боксерската војна“ и ја доби Хаглер со нокаут во третата рунда, а беше вистински спектакл.

Првата рунда од тој меч е прогласена за боксерски класик и е една од највпечатливите на сите времиња.

https://www.youtube.com/watch?v=ASe3GTXgC1o

Хаглер е член на куќата на славните и двапати беше прогласуван за боксер на годината. Боксерската кариера ја заврши по поразот од Шугар Реј Леонард во 1987 година, што му беше само трет неуспех во кариерата, во која имаше и две нерешени борби и 62 победи.

- Оглас -

Најнови вести