Почина Лео Бенхакер, тренерот кој се радуваше на титули со Реал Мадрид и Ајакс

Прославениот холандски тренер Лео Бенхакер почина денеска на 82-годишна возраст. Ова го соопштија од семејството на Бенхакер.

Речиси целиот свој живот го посвети на фудбалот. Како фудбалер немаше значајна кариера, но затоа како тренер беше одличен. Седеше на клупите на Ајакс, Сарагоса, Реал Мадрид, Феенорд, а беше предводник на неколку репрезентации, и тоа на: Холандија, Саудиска Арабија, Тринидад и Тобаго и Полска.

Најголемите успеси ги имаше како предводник на Реал Мадрид. Го предводеше Кралскиот клуб до три титули во шпанското првенство, а на крајот освои еден Куп. Како предводник на Ајакс двапати беше првак на Холандија.

- Оглас -

Најнови вести