На менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му се случи трагедија со семејството, почина неговата мајка, а болката да биде поголема поради рестрикциите и забраната за луѓе од Велика Британија да патуваат во Германија, тој не смее да влезе во родната земја и да присуствува на погребот.
Елизабет Клоп почина денеска на 81-годишна возраст.
„Сега таа е на подобро место. Таа беше вистинска мајка во најдобра смисла на зборот”, рече 53-годишниот Клоп, кој последен пат ја посетил мајка му за 80-тиот роденден.
„Фактот што не можам да присуствувам на погребот е грозен, времињата во кои живееме се ужасни, но верувам дека кога ќе имаме можност, ќе направиме убава комеморација, додаде Клоп, кој има две постари сестри.