Почина момчето на кое последна желба му беше да го запознае Мбапе

Тажна вест пристигна од Париз, почина Лоренцо, момчето на кое последна желба му беше да го запознае Килијан Мбапе. Таа желба му беше остварена пред неколку недели кога Лоренцо не само што го запозна Мбапе, туку ги запозна сите фудбалери на Реал Мадрид и присуствуваше на меч на Кралевите.

Лоренцо се бореше со рак на мозокот, а кога Мбапе дозна дека детето имало голема желба да се запознае со ѕвездата на Реал Мадрид, Французинот веднаш реагираше. За момчето веднаш бил испратен приватен авион да пристигне во Мадрид.

Не само што го запозна Мбапе, туку Лоренцо ги запозна сите фудбалери на Реал, а потоа беше почесен гостин на еден меч на „Сантијаго Бернабеу.

„Тој е поинакво момче. Во животот постојат поважни работи од фудбалот и сакам да му се заблагодарам на клубот кој ми даде шанса да го доведам Лоренцо на натпревар и да го запознам со играчите. Тоа беше неверојатен момент за него и многу сум среќен поради тоа“, рече Мбапе по тогашното дружење со момчето.

Неколку недели подоцна, Лоренцо почина. Жулијан Геронди, човекот кој ги спои Лоренцо и Мбапе се огласи со емотивна порака.

„Засекогаш ти. Ќе ми недостасуваш ѕвездо моја“, беше пораката од Геронди.

- Оглас -

Најнови вести