Почина најмладиот дебитант во историјата на Манчестер сити

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити потврди дека вчера на 73-годишна возраст починал Глин Пердју. Тоа е играчот кој има посебен дел во историјата на клубот затоа што Глин е најмладиот дебитант во историјата на клубот. Дебитираше во април 1962 година во дуелот против Бирмингам, кога имал само 15 години и 314 денови. Од тој момент стана најмлад дебитант во историјата на Манчестер сити и досега не се најде фудбалер кој ќе го сруши тој негов рекорд.

Пердју целата кариера ја помина во дресот на Граѓаните. Во 14 сезони одигра вкупно 380 меча и се радуваше на пет трофеи. Беше член на генерацијата која во 1968 година стана првак на Англија, а истата година го освои и Комјунити шилд. Со Сити се радуваше и на еден трофеј во ФА купот, како и на пехарите во Лига купот и Купот на победниците на куповите.

По завршување на играчката кариера, работеше како тренер во младинската школа на Сити сè до 1992 година.

- Оглас -

Најнови вести