Почина најпознатиот навивач на Шпанија, кој ја следеше „фуријата“ на десет Светски првенства

Најпознатиот навивач на фудбалста репрезентација на Шпанија, познат како Маноло, почина денес на 76-годишна возраст. Информацијата ја објавија од Фудбалскиот сојуз на Шпанија, од каде порачаа: „Еден од нашите најверни навивачи, кој секогаш беше со нас и во добро и во зло, почина. Знаеме дека и понатаму ќе правиш нашите срца да пеат. Почивај во мир. Сочуство до семејството и пријателите.“

Маноло беше познат по својот тапан, а Шпанија ја следеше од Светското првенство во 1982 година. Тој беше и на пријателскиот меч на Македонија со „црвената фурија“ во Скопје, во 2008 година, кога се отвораше северната трибина на Националната арена, а Шпанија ја следел на вкупно десет Мундијали.

- Оглас -

Најнови вести