Почина најстариот навивач на Реал Мадрид, беше сведок и на историските 11-1 против Барса

На неколку часа пред натпреварот со Пачука од Светското клупско првенство, почина најстариот навивач на Реал Мадрид, Серхио Нието.

Нието почина на 100 години 266 дена, а од дете е фан на Реал и благодарение на татко му кој му ја пренесе таа љубов и го направи официјален член со книшка, цели 93 години имаше членска книшка.

Тој во интервјуа од минатото се пофали дека во живо ја гледал најубедливата победа во историјата на Ел Класико, 11-1 за Реал во 1943 година. Истотака тој беше и еден од ретките што ги гледал во живо или на телевизија сите 15 европски титули на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести