Почина најверниот човек во НБА, повеќе од 60 години беше дел од Голден стејт вориорс

Почина Алвин Атлс, човек кој помина повеќе од шест децении како дел од Вориорс како играч, генерален менаџер и амбасадор. Имаше 87 години.

Познат како „Уништувач“ по неговиот физички стил на игра, Вориорс беа неговата единствена љубов и тимот во којшто ја помина целата своја кариера откако го избраа во петтата рунда на драфтот во 1960 година. Во 1975 година ја освои единствената титула во НБА, и тоа како тренер, прва за клубот по преселбата од источниот на западниот од САД.

Атлс беше еден од првите црни тренери во НБА, а играше на натпреварот на кој Вилт Чемберлен за Филаделфија вориорс постигна 100 поени на 2 март 1962 година. Атлс заврши со 17 поени на тој натпревар.

Тој исто така беше присутен и кога Рик Бери постигна 64 поени против Портланд на 26 март 1974 година и беше присутен кога Клеј Томпсон постигна 60 поени во три четвртини во декември 2016 година. Неговите 557 победи како тренер се најмногу во историјата на Вориорс.

- Оглас -

Најнови вести