Почина НБА легендата Клиф Робинсон

Поранешниот НБА кошаркар Клифорд Робинсон, почина денеска на 53-годишна возраст. Смртта на легендата кој 19 сезони играше во НБА, е ненадејна, а тој во 2017 година беше хоспитализиран поради мозочна хеморалгија.

Робинсон во НБА заигра во 1989 година како член на Портланд трејлблејзерс, и таму остана осум сезони. Тој беше еден од првите високи кошаркари кои погодуваа тројки со добар процент на реализација. Беше и ол-стар во 1994, и најдобар шести играч во 1993 година. Робинсон беше прв кој играл во три различни декади во НБА, а потоа му се придружи и Тим Данкан.

Освен за Портланд, играше и за Феникс, Детроит, Голден стејт и Њу Џерси. Во НБА одигра 1.380 меча, со што е 13-ти на вечната листа.

Робинсон е легенда и на Универзитетот Конектикат со кој освои титула во НЦАА лигата. Таму неговиот дрес со бројот 00 беше повлечен во 2007 година.

- Оглас -

Најнови вести