Владимир Блажев – Панчо, пејачот од дуото ДНК, почина денес како последица од големиот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани пред седум месеци.
Панчо седум месеци беше хоспитализиран со изгореници на главата и рацете, но денес, по големата борба на лекарите им подлегнал на повредите.
Вечерта кога се случи големиот пожар загина и вториот член на дуото ДНК, Андреј.
Двајцата ја испеаја навивачката химна за фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство 2020.