Почина поранешен капитен на Црвена ѕвезда, во АБА лигата одигра еден меч и тоа во Скопје

Тажна вест го потресе кошаркарскиот свет особено тука на Балканот, на 26 години почина црногорскиот кошаркар Иван Ќоровиќ, кој своевремено беше капитен на јуниорскиот тим на Црвена ѕвезда во кој беа и Симаниќ, Раданов и други.

Ќоровиќ во 2016 година со Ѕвезда стигна до јуниорскиот фајнал-фор во Евролигата, а потоа беше префрлен во првиот тим на ФМП. Во ноември 2016, тој одигра еден меч за ФМП во АБА лигата и тоа против МЗТ во Скопје. На тој меч Ќоровиќ играше 6 минути и постигна два поени.

Само неколку месеци подоцна, дозна дека има тумор во коленото, и мораше да му биде ампутирана ногата, што значеше крај на неговата кариера како кошаркар. Во таа 2017 година играл со туморот, мислејќи дека е хематом. После долга борба со болеста, денеска почина.

- Оглас -

Најнови вести