Почина поранешниот спортски директор на Вардар, Александар Закоски – Гризли

Александар Закоски  – Гризли, поранешниот спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар, почина на 65-годишна возраст. Закоски ја загуби битката со корона-вирусот по кратко боледување.

Популарниот Гризли ќе остане запаметен како спортски работник и раководител на Црвено-црните во периодот кога актуелниот македонскиот првак го оствари еден од најголемите успеси во историјата – елиминацијата на ЦСКА Москва во квалфиикациите за ЛШ во 2003 година.

Закоски исто така своевремено беше спортски директор во златниот период на Тетекс.

- Оглас -

Најнови вести