Почина прославениот англиски фудбалер за кого прв пат беа платени над еден милиони фунти

Првиот британски фудбалер кој вредеше над еден милион фунти, почина на 69-годишна возраст. Тревор Френсис починал како последица на срцев удар, кој го доживеа во својот дом во Марбеља.

Во текот на кариерата, Френсис играше за Бирмингем, Манчестер сити, Ренџерс, Аталанта во Италија, а најголемите успеси ги доживеа како фудбалер на Нотингем Форест.

Со Нотингем Форест, Френсис освои две титули во Купот на Европските шампиони. Во 70 меча постигна 29 голови за овој клуб, а најважен е погодокот што го даде во финалето на КЕШ во 1979 година против Малме.

Легендарниот тренер на Нотингем Форест, Брајон Клоф е човекот кој инсистирал за Френсис да биде доведен во екипата, а за неговиот трансфер биле платени 1.150.000 фунти.

По заминувањето од Нотингем Форест играше за Сити, а потоа играше и во Италија. Во 1987 година се врати во Англија, а кариерата ја заврши во 1994 година во дресот на Шефилд венсдеј.

За репрезентацијата на Англија одигра 52 меча во кои постигна 12 голови. По завршување на играшката кариера работеше и како тренер, а последен пат во тренерска улога беше во Кристал Палас, клуб кој го предводеше во периодот од 2001 до 2003 година.

 

- Оглас -

Најнови вести